Лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен денеска изјави дека има намера да соработува со новиот премиер Мишел Барние.

Во интервју за францускиот дневен весник „Трибун“, Ле Пен, зборувајќи за изборот на францускиот претседател Емануел Макрон да го назначи Барние за нов премиер, рече дека нејзината партија Национален собир не сака да врши опструкции.

Барние имаше долга политичка кариера, вклучително и министерска, беше и еврокомесар, но стана познат и како главен преговарач на Европската унија за Брегзит.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2024 05:08