Сопственикот на „Тесла“ моментално е најбогатата личност во светот, со нето богатство од 251 милијарда долари, според Блумберг индексот на милијардери.

Наодите на „Inform Connect Academy“ покажуваат дека неговото богатство расте со просечна стапка од 110 отсто годишно, што значи дека, доколку продолжи со истото темпо, може да стане билионер во следните три години.

Компанијата на Маск „Тесла“ има пазарна вредност од 669,3 милијарди долари (603 милијарди евра). Пазарната вредност на Тесла расте за 173,3 отсто на годишно ниво, што значи дека таа би можела да ја пробие границата од билион долари веќе следната година.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2024 04:46