Припадниците на Министерството за внатрешни работи, УКП, Службата за сузбивање криминал-Оддел за сузбивање на еколошки криминал и Полицијската Управа во Ниш, во соработка со Управата за ветеринарство и Основното јавно обвинителство Ниш, го уапсија М. Ј. (1989) од Ниш поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело фалсификување исправа, јави дописникот на МИА од Белград.

-М. Ј. како сопственик на претприемачкиот дуќан „Сплендор Пет транспорт“ е осомничен дека прибавувал и изработувал документи за кучиња со невистинита содржина заради непречен прекуграничен транспорт на кучиња преку државната граница на Република Србија, се наведува во соопштенеито на МВР.

При претресот на станот и другите простории на пријавениот пронајдени се десетици домашни и странски пасоши за кучиња чија автентичност е доведена во прашање, апликатори со микрочипови, како и ветеринарни печати кои служеле за фалсификување на пасоши.

Осомничениот е приведен во надлежното обвинителство, наведуваат во соопштнеието од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2024 01:50