Потпретседателот на Владата на Србија, Александар Вулин, денеска во Санкт Петербург, каде што учествува на состанокот на високи безбедносни претставници на БРИКС, се сретна со министерот за надворешни работи на НР Кина, Ванг Ји, кому му соопшти дека Србија многу ја цени поддршката на Кина за нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, додека Ванг Ји истакна дека Кина верува дека Србија има право да го брани својот суверенитет и територијален интегритет, за што секогаш ќе има поддршка од Кина, јави дописникот на МИА од Белград.
Вулин на министерот за надворешни работи на Кина му пренел дека Србија ја поддржува целовитоста на Кина и политиката на „Една Кина“, соопшти Владата на Србија.
Српскиот вицепремиер го информирал кинескиот шеф на дипломатијата за актуелната состојба во Косово, која поради едностраните и самоволни потези на властите во Приштина сакаат етничко чистење на Косовои Метохија од Србите, како и нереакцијата на меѓународната заедница, што резултира со целосно обесправување на српскиот народ на Косово и се заканува да доведе до конфликт, се наведува во соопштението.
Министерот Ванг Ји истакнал дека Кина ја дели загриженоста на Србија за незаконските дејствија на Приштина против Србите на Косово и Метохија и повтори дека „Кина верува дека Србија има право да го брани својот суверенитет и територијален интегритет, за што секогаш ќе има поддршка од Кина“.
Кинескиот министер за надворешни работи нагласи дека Кина ги препознава обидите на странските сили, кои не се пријателски настроени кон Србија, да се мешаат во внатрешните работи на Србија со цел да се собори легитимно избраната влада.