Министерот за култура и туризам Зоран Љутков со претстојната посета на Бугарија ги почнува првите средби со колегите од други земји. Љутков, кој патува за Софија, утре вечер ќе присуствува на настапот на Националната опера и балет која со „Набуко“ од Џузепе Верди гостува во Софиската национална опера и балет, но претходно, во текот на денот, е предвидено да има средба со бугарскиот министер за култура.
-Ќе видиме, ќе разговараме, одговори денеска Љутков, прашан што очекува од посетата на Бугарија и средбата со бугарскиот колега.
Како што истакна, средбата е веќе најавена.
-Јас и претходно ја имав договорено средбата со министерот за култура на Бугарија, уште пред една недела, кога, всушност и најавив дека ќе бидам на претставата на МОБ. Така што, ќе имаме утре средба, претпоставувам дека ќе биде билатерална. Тоа ќе биде и прва средба со министер за култура од друга земја, така што ќе разговараме и се надевам дека ќе имаме позитивни заклучоци по средбата, нагласи Љутков по денешната посета на Националниот конзерваторски центар