Синот на Осама бин Ладен, Хамза, за кого се претпоставуваше дека е мртов, е жив и е командант на Ал Каеда, објави британскиот весник „Мирор“ повикувајќи се на разузнавачки информации.

Весникот истакнува дека Осама бин Ладен пред да биде елиминиран ги поставил темелите за обнова на терористичката мрежа. Според разузнавачки информации, Хамза, познат како престолонаследник на теророт ги преживеал обидите за негова елиминација од страна на ЦИА во 2019 година. И другиот син на Осама, Абдула исто така работи за Ал Каеда. Тие двајцата формирале 10 кампови за обука на терористи на Ал Каеда во Авганистан и се поврзале со други терористички групи.

„Мирор“ наведува дека 34-годишниот Хамза, поголемиот дел од своето време го помина во Џалалабад, жариште на тероризмот на 160 километри од главниот град на Авганистан, Кабул.

Во друг извештај се истакнува дека вели дека во камповите се обучуваат милитанти и бомбаши самоубијци за да напаѓаат цели во странство. Се претпоставува дека Авганистан функционираат до 21 терористички групи, поради што земјата е најголем центар на тероризмот во светот. Неодамнешните процени укажуваат на тоа дека Ал Каеда соработува со Исламска држава, што ги зголемува стравувањата од нов напад на Запад во стилот на 11 септември 2001 година, истакнува „Мирор“.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2024 05:37