Екипажот на „Поларис дон“ (Polaris Dawn) денеска се врати на Земјата откако пет дена помина во орбитата. Капсулата „Драгон“ (Dragon) падна во море во близина на брегот на Флорида.

- Добредојдовте назад на Земјата, објави „СпејсИкс“ на социјалната мрежа Икс (X).

Американската вселенска агенција (НАСА) соопшти дека мисијата на „СпејсИкс“ претставува „голем чекор напред“ за комерцијалната вселенска индустрија.

Мисијата ја финансираше милијардерот Џаред Исакман. Нему му се придружија Скот Потет, пензиониран пилот на американските воздухопловни сили и вработените во „СпејсИкс“, Сара Гилис и Ана Менон. Исакман и Гилис се првата непрофесионална екипа која изведе прошетка во Вселената. Пред тоа, само астронаутите со вселенски агенции финансирани од владата можеа да го направат тоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2024 04:23