Кина го ослободи 68-годишниот Американец, Дејвид Лин по 18 години затвор. Тој беше осуден на доживотен затвор под лажни обвиненија за измама при склопување на договори, соопшти американската Влада.
Предвидено е Лин денеска да пристигне во Сан Антонио.
Стејт департментот оценува дека Лин е еден од тројцата американски државјани кои се неправедно затворени во Кина. Другите двајца се Марк Свидан и Кај Ли.
Ослободувањето на Лин е само неколку недели пред средбата на американскиот советник за нациоанлна безбедност Џејк Саливен со кинескиот министер за наворешни работи Ванг Ји во Пекинг.