Во Извештајот за работа на Советот за јавни обвинители се вели дека Советот сите обврски ги има завршено успешно, па прашувам успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два посто, праша пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем на која дебатираа за Годишниот извештај на Советот за јавни обвинители за 2023 година.

„Гледајќи седница на Советот што видов, што заклучив. Советот кој е составен од 11 члена е нем, никој ништо не зборува зарем тоа е транспарентност. Транспарентност ли е да се молчи. Се гледа дека само немо спроведувате одлуки“, рече Панова.

Панова се осврна на делот на Извештајот во кој се зборува за бројки или за статистика.

„Во делот каде зборувате за претставки давате бројки, статистика и кажувате дека најмногу претставки се во ЈО Скопје што е очекувано најголем број предмети се таму, но стои дека има незадоволство од времетраење на постапки што говори за неажурност, укажуваат за брзо решавање на предмети поднесени за луѓето за кои вие не смеете да постапите и најлесно е да ја отфрлите кривичната пријава, помал број биле претставки од незадоволство од застапената застареност. Или ако претставките зборуваат за неажурност, селективност, застареност на пријавите вие говорите дека позитивно работите“, посочи Панова



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2024 20:29