Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец Џеси Лингард (31) е казнет со 128 евра поради возење електричен тротинет (ромобил) во Сеул без возачка дозвола и заштитен шлем, соопшти денеска јужнокорејската полиција.

Во објава на Инстаграм претходно оваа недела, Лингард рече дека не знаел за регулативите на Јужна Кореја за електричните тротинети, вклучително и за задолжителното носење заштитен шлем.

„Секој кој е во посета на Јужна Кореја очигледно треба да ги провери правилата“, изјави офанзивниот играч за врска кој го носи дресот на јужнокорејскиот прволигаш Сеул.

„Безбедноста на прво место, очигледно нема да го повторам тоа“, додаде фудбалерот.

Според британските медиуми, на Лингард минатата година му беше забрането да вози 18 месеци, откако беше сопрен во Манчестер додека под дејство на алкохол го вози својот луксузен автомобил Ламборџини Урус.

Лингард се пресели во ФК Сеул во февруари, откако ги напушти редовите на премиерлигашот Нотингем Форест во летото 2023 година.

За англиската репрезентација Лингард оригра 32 натпревари и постигна шест голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2024 04:57