Одлуките на Уставниот суд не треба да се коментираат. Некогаш може да ни се допаѓаат, некогаш може да не ни се допаѓаат, но мислам дека не треба се коментираат, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан за одлуката на Уставниот суд за замрзнување на „балансерот“.

Во однос на реакциите од албанскиот блок по одлуката на Уставниот суд, вклучително и партнерите во владината коалиција, Мицкоски вели дека ја видел и дека е во согласност со тоа што „ние сме го збореле во минатото“.

- Да, ја видов. Таа реакција е во согласност со тоа што ние сме го збореле во минатото, практично унапредувањата и вработувањата треба да се темелат на квалитет и тоа е она кое што ние практично цело време го заговараме, изјави Мицкоски, кој денеска присустуваше на почеток на поплочување на улицата „Ванчо Прќе“ во Општина Штип.

Одлуката, посочи Мицкоски, не е конечна, туку практично тие тој дел од законот го ставаат во мирување, до носење на конечна одлука.

- Јас ќе останам на мојата позиција дека одлуките на Уставниот суд не треба да се коментираат, изјави Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2024 18:04