„Апсолутно да очекувам“, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали очекува платите во јавниот сектор да растат во следниот период и додаде дека првите индикатори покажуваат позитива, односно раст на индустриското производство, преработувачката индустрија, растот на БДП, како и намалувањето на инфлацијата.
„Првите индикатори во економијата со промената на Владата се навистина изненадувачки позитивни, во делот на раст на индустриското производство, преработувачката индустрија, растот на БДП, намалувањето на инфлацијата и слично, на платата на обврските од страна на институциите, Царината, УЈП, итн. Првите индикатори се добри и тоа охрабрува“, потенцираше тој и додаде:
„Што се однесува до платите имаше една теза од поранешната Влада на СДСМ и ДУИ дека со нив платите растеле, а со ВМРО-ДПМНЕ и оваа Коалиција платите нема да растат. морам да кажам дека веднаш. Државниот завод за статистика со бројка која што ја објави за месец јули, не само што ги демантираше туку испорача две контра тези на нивната теза.“
„Прво, видовме дека платите во јули месец кој што беше реално прв месец на оваа влада продолжија да растат со исто и забрзано темпо споредено со она кое што се случуваше изминатиот период. Поеднаков, дури и повеќе. но што е разликата“, рече Мицкоски.
„Разликата е што тогаш кога се ограбуваше Буџетот на грбот на граѓаните, инфлацијата беше двоцифрена, и некогаш таа инфлација стигаше вредност повеќе до 20 проценти, па платата која што ја добиваа граѓаните беше обезвреднувана. Денеска платат повторно расте со иста динамика, па и забрзано, но инфлацијата е најниска во регионот во месец август, споредено со август минатата година, и таа е на ниво на 2,2 проценти, а од почетокот на годината заклучно до август е помала од 3,5 проценти. Тоа е разликата што платите растат со истата динамика, дури и забрзано, но нивото на инфлација е ниско“, кажа премиерот.
Претседателот на Владата Мицкоски истакна дека економијата заживува посочувајќи дека Централната банка донела одлука за намалување на референтната каматна стапка за 0,25 проценти, што покажува дека состојбите почнале да се стабилизираат.
„Одлуката на Централната банка референтната каматна стапка ја намали за 0,25 проценти. Тао значи дека полека но сигурно во овие 2-3 месеца помалку од 100 дена нова Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ состојбата се стабилизира, надежта се враќа, и полека економијата заживува. а тоа ние најдобро го гледаме преку овие индикатори. дали така ќе продолжи јас очекувам да, бидејќи сега во Парламентот помина оној заем од 500тини милиони евра кои што како закон го донесовме веќе очекувам втора половина на октомври или прва половина на ноември да биде ставен во функција на македонската економија за да можат овој заем од 250 милиони евра да го користат“, изјави Мицкоски.