Светски познатите кинематографери Данте Спиноти, Џон Сил и Кристијан Бергер, во рамки на ИФФК „Браќа Манаки“, приредија мастер чет, поддржан од ИМАГО.
За учесниците на фестивалот, студенти од државата и странство, Спиноти, Бергер и Сил говореа за кариерниот развој и состојбите во светската кинематографија.
-Филмот мора да ти е снимен во глава уште пред да биде вистински снимен. Мора да знаеш во умот дека секоја сцена ќе биде покриена и добра, истакна гостинот од Австралија, Џон Сил, воедно и годинешен претседател на стручното жири.
Според италијанскиот кинематографер Данте Спиноти пред да се почне да се правиш филм мора да се имаат многу предзнаења за тоа, како да се направи филмот. Ние од нашата генерација, рече Спиноти, поминавме низ интересен дел од филмската индустрија кога и немаше толку развиена технологија како денеска.
Пред стручниот аудиториум во Битола, австрискиот кинематографер Кристијан Бергер, истакна дека атмосферата во сцената зависи од осветлувањето и дека светлото е многу важно за филмот.
-Пред снимање лесно е да се каже дека се сфаќа сè. Но во текот на снимањето сè е различно. Некои веруваат повеќе во текстот, други во она што го гледаат. Јас го преферирам второто, нагласи Бергер.
Серијалот работилници, мастер класови и мастер чет на ИФФК „Браќа Манаки“ продолжува и утре во Битола