НБА-ѕвездата Џејлен Браун одби голема сума пари поради својот бренд.
Кошаркарот на Бостон селтикс лансираше сопствен бренд за спортска опрема наречена „741“ и одби повеќе од 50 милиони долари потенцијални спонзорски договори.
Производите „741“ ќе бидат пуштени во продажба на 22 октомври, кога Селтикси ќе ги добијат шампионските прстени од мината сезона и ќе ја започнат новата регуларна сезона.
Браун беше предводник на Бостон во финалето со Далас и заслужено го доби признанието (МВП) за најкорисен играч на финалето.