Американскиот Стејт департмент и одобри заем од 920 милиони долари на Владата на Романија за модернизација на армијата и „зајакнување на источното крило на НАТО“, објави денеска порталот Балканска безбедносна мрежа.

По Полска, Романија е втората земја на источното крило на НАТО што добива специјализиран заем бидејќи ја модернизира својата војска потпирајќи се на САД преку набавки во вредност од милијарди евра.

Со Вашингтон е договорено купување на тенкови „Абрамс“ и заедничко производство на муниција, а Романија и дава помош на Украина, вклучително и трансфер на системот „Патриот“ и обука на пилоти за авиони Ф-16.

Американската влада ќе и обезбеди на Романија грант од 60 милиони долари како дел од овој заем, кој е дел од програмата „Странско воено финансирање“. Условите за враќање на остатокот од заемот не се објавени, но официјална процедура е тој да се враќа со камата.

Според американските медиуми, ова е втор специјализиран заем за државите, што е нов начин на американската влада да им помогне на сојузниците во модернизацијата на војската. Пред една година и во јули годинава Полска доби ист вид помош, само во поголема сума од вкупно четири милијарди долари.

Основен услов за добивање заем е парите да се искористат за купување американско оружје



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2024 05:48