Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе присуствува на Самитот на Меѓународната Организација на Франкофонијата кој годинава се одржува под мотото „Создавај, иновирај и прави бизнис на француски јазик“.

На 19. Самит учество учествуваат повеќе од 100 држави и влади а во фокусот е креативноста, иновацијата и способноста за бизнис на француски јазик. Воведната сесија се одржа вчера во Villers-Cotterêts.

Пленарната седница, затворената и завршната сесија ќе продолжат денеска во Големата палата во Париз.

Меѓународната организација на Франкофонијата е организација базирана на единство преку јазикот, но исто така, оди подалеку од јазикот, тоа е заедница на вредности и обврска кон владеењето на правото и демократијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2024 19:11