Откако Пи Диди беше уапсен во септември, голем број засега наводни жртви и сведоци излегоа со бизарни приказни за злогласните забави на познатиот музичар. Меѓу нив е и Џастин Литовски, кој тврди дека како шестгодишно момче присуствувал на една од контроверзните забави.
Сега 30-годишниот Литовски откри дека бил со своите родители кои несвесно присуствувале на „попладневната скара“ на Диди. Тоа, наводно се случило на 3 јули 1999 година во населбата Хемптонс во Њујорк, САД. Неговиот татко бил фотограф на славни личности кој ја минал ноќта работно... Литовски сподели и фотографија со себе и неславниот рапер.
- Се сеќавам дека имаше многу марихуана и жени кои „топлес“ шетаа низ дворот и пливаа во базенот. Тогаш не знаев дали тоа е добро или лошо. Насекаде имаше шишиња и голи жени. Не бев сигурен дали тоа е соодветно. Се прашувам и како на дете му дозволиле да биде на ваква забава!?, раскажува Литовски.
Меѓу гостите биле Џеј-Зи, Лил Ким, Дона Керан и Тајсон Бекфорд. Литовски истакнува дека многумина биле и несоодветно облечени.
- Не се сеќавам дека видов друго дете. Јас обично бев дете што сакаше да си игра со други деца, додаде тој.
Диди денес се соочува со обвиненија за сексуална трговија, уцени и насилство, како и за киднапирање, принудна работа, поткуп и други кривични дела. Сепак, тој ги отфрли сите обвинувања за какво било злосторство. Тој се наоѓа во притвор, па го чека судењето. Во меѓувреме, повеќе од 120 лица се јавија како жртви.