Популарнит „куси видеа“ (Shorts) на „Јутјуб“ ќе траат подолго. Поточно, од 15 октомври авторите ќе можат да снимаат кратки видеа во траење до три минути.
Кусите снимки ќе добијат и шаблони што ќе може да се испробаат со притискање на копчето „Ремикс“ на видеото и со избирање на опцијата „Употреби шаблон“ (Use this template). Исто така, како што се соопштува - наредниве месеци корисниците ќе можат да ремиксираат клипови од избрани содржини на „Јутјуб“, па дури и да извлекуваат делови од повеќе видеа.
Има нова страница „Шортс трендс“ (Shorts Trends) на мобилната верзија, па корисниците наскоро ќе можат да ги прегледуваат и коментарите во изворот на кусото видео.
Ако случајно не ви се допаѓаат овие куси видеосодржини, на почетокот сe воведува и опција за нивно прикажување во помал број и поретко. Но, ова ќе работи само привремено