СВР Тетово информира дека по пожарот во подрумските простории во зградата на Општина Тетово како осомничен за подметнување е приведен државјанин на Косово. Пожарот избувна во неделата околу 15 часот, а осомничениот е најден во Тетово вчеравечер.

- На 07.10.2024 во 20.15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Р.(38) од Република Косово, со привремен престој во Скопје. Тој се сомничи дека претходниот ден го подметнал пожарот во подрумските простории на општина Тетово. Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 288 од Кривичниот законик, информираше Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Во пожарот изгоре изборен материјал кој бил складиран во подрумските простории. Тетовската пожарна информираше дека пожар бил изгаснат за неколку часа од 12 пожарникари со четири возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2024 04:44