Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во посета на Париз како дел од неговата дипломатска турнеја меѓу неговите главни европски сојузници, чија цел е да добие поголема поддршка против руската инвазија.

Прекинот на огнот „не е тема на разговор со нашите сојузници“, рече Зеленски вечерва по средбата со неговиот француски колега Емануел Макрон. Тој додаде дека прекин на огнот е „руска дезинформација“.

Зеленски повика и на брзо зголемување на помошта од Западот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2024 06:30