Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека Јужна Кореја испратила дронови во Пјонгјанг и оцени дека овој потег претставува политичка и воена провокација, пренесува денеска агенцијата КЦНА.

Беспилотни летала долетале во Пјонгјанг во текот на ноќта и фрлиле „голем број“ летоци против Северна Кореја во главниот град минатата и оваа недела, се вели во соопштението.

Упадот на дронот бара одмазднички дејствија, предупредува севернокорејското министерство, а истовремено ја повикува Јужна Кореја да престане со таквите акции.

- Оваа неодговорна и опасна провокација, која може да доведе до вооружен конфликт, па дури и до војна меѓу двете страни, треба веднаш да престане, се вели во соопштението.

Јужна и Северна Кореја технички сè уште се во судир откако нивната војна, која траеше од 1950 до 1953 година, заврши со примирје, а не со мировен договор



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2024 05:12