Волстрит реагираше скептично на презентацијата на роботаксито (Cybercab и Robovan) на Тесла. Акциите на оваа компанија се намалија за околу 8 отсто во утринското тргување, по презентациата која личеше повеќе на футуристички филм отколку на сериозен приказ со јасни бизнис планови. Компанијата изгуби околу 40 милијарди долари пазарна вредност.
Новиот двосед, беспилотното возило Cybercab од Тесла е предвидено да чини помалку од 30.000 долари, додека Robovan е тип на минибус без возач со капацитет до 20 патници.
На добро кореографираната престава во студиото на „Ворнер Брос“ во Холивуд, извршниот директор на Тесла, Илон Маск, претстави иднина во која автономните возила ги преобликуваат градовите. Сепак инвеститорите и аналитичарите не беа воодушеневи поради малку конкретни детали, магливи временски рамки и финансиски прогнози. Иако компанијата во изминатата година доби на вредност поради свртување кон вештачка интелигенција и роботика.
И покрај високите очекувања, Тесла понуди малку докази за напредок кон целосно автономни возила, што останува огромен технички и регулаторен предизвик, пишува Волстрит журнал. Маск не понуди решенија во тој правец.
-Прогресот од тоа што го имаме сега до целосна автономија (посебно преку ненадгледувани возила без волан или педали) е таков џиновски технолошки предизвик што е преамбициозно за толку краток временски период, соопшти Џесика Колдвел, директорка за аналитика на Edmunds, онлајн платформа за продажба на автомобили.
Во моментов, напредниот софтвер за возење на Тесла сѐ уште бара надзор од човек. Маск вети до 2025 година да има верзија без надзор, но бидејќи е познат по постојано пробивање на роковите, сето ова предизвикува скептицизам.
.На настанот Тесла ги промовираше и своите хуманоидни роботи Оптимус кои се дружеа со гостите, служеа пијалоци и танцуваа.