Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, денеска изјави дека Израел намерно избрал да ја прошири својата агресија за да го исполни однапред планираниот дизајн на Западниот Брег и Либан.
-Израел го направи тоа „затоа што гледа можност“, додаде Ал Тани во својот годишен говор на отворањето на Консултативниот совет (Шура).
Советот има законодавни овластувања и ги одобрува општите државни политики и буџетот на земјата, но нема глас за одредување на одбранбената, безбедносната, економската и инвестициската политика на Катар, каде што се забранети политичките партии.
Емирот рече и дека Консултативниот совет ќе предложи уставни измени за кои ќе се гласа на референдум.