Во Кичево вчера во 15.30 часот полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Л.А.(64) од Кичево поради сомнение дека е сторител на кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

МВР денеска соопшти дека со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени поголема сума пари во различни валути и апоени, златен накит и други предмети.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2024 04:35