Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на денешниот Самит на ЕУ во Брисел побара поголема финансиска и воена помош пред „опасната зима“.

- Воздушната одбрана и финансиската поддршка за домашното производство на оружје на Украина се од најголема итност, Зеленски.

ЕУ ја поддржува Украина против Русија, но Унгарија, со месеци ја блокира понатамошната воена и финансиска помош за Киев.

- Вашето единство е исто така оружје, и тоа е оружје што има едно значење за сите нас – безбедност, наведе Зеленски.

Тој пред европските лидери го презентираше планот за победа, што вчера го претстави пред Врховната рада.

- Украина, која се соочува со тешкотии на бојното поле, мора да биде во позиција на сила пред да започне какви било преговори. Украина е подготвена да остави вистинско место за дипломатијата, но за тоа мора да бидеме силни, посочи Зеленски.

Тој во текот на денешниот ден планот за победа ќе го претстави пред министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2024 04:27