Руската манекенка Ирина Шајк се врати на модната писта, првпат по нејзиното шоу во 2016 година. Таа на шоуто на „Викторија сикрет“ во Њујорк се појави во проѕирен комбинезон покриен со ѕвезди, обетки со големи обрачи и сандали со металик потпетици. Со тоа, манекенката го најави враќањето на модната сцена.
- Последен пат кога прошетав на ревија на „Викторија сикрет“ бев речиси петти месец бремена. И, еве ме - се враќам, изјави таа.
Таа, одговарајќи на прашања за нејзината ќерка што ја има со поранешното момче Бредли Купер, истакна дека детето, веројатно, ќе ја гледала ревијата... Но, прашана дали би ја советувала да се занимава со манекенство, таа вели дека „најважно е да одгледа драго и сакано дете, а сѐ друго не е важно“.
Дел од ревијата беше и супермоделката Џиџи Хадид - сегашната партнерка на Купер, која потврди дека тој останал дома поради децата.
- Бредли има „татковска должност“... Гледа од дома - ги чува децата, но тој многу ме поддржува. Имам пријатели кои доаѓаат на модната ревија, многу пријатели, изјави Џиџи