Резултатите од изборите во Молдавија покажуваат дека демократијата во земјата останува силна и покрај обидот на Русија да ја поткопа, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

Истовремено, Кирби ги поздрави резултатите од референдумот на кој Молдавците гласаа за влез во ЕУ, нагласувајќи дека тоа е чекор напред во европската интеграција на Молдавија.

„Резултатите покажуваат дека молдавската демократија е силна“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност во Белата куќа



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2024 04:21