Американскиот рапер Фифти Сент проговори за својот соперник Пи Диди (Шон Комбс познат и како Диди, Паф Деди, Пафи итн.), кој е в затвор и чека судење за повеќе обвиненија. Во интервју за „Пипл“ (People), популарниот Фифти зборуваше за тоа како го исмевал Диди и укажувал на неговото однесување уште пред овој да биде уапсен.

- Види, изгледа како да правам некои навистина чудни работи, но - не. Јас навистина само говорам за она за што зборував 10 години. Сега е многу повеќе во вестите бидејќи се говори за работите на „Пафи“... Но, јас сепак велам: Цело време се држев настрана од тие работи, бидејќи тоа не е мој стил, рече Фифти.

Инаку, двајцата рапери се во кавга од 2006 година, т.е. по објавувањето на песната „The Bomb“, во којашто Фифти сент го обвинува Комбс дека е вмешан и во убиството на Ноториус Б.И.Г., кој инаку, кон крајот на минатиот век важеше за пријател на Диди. Откако јавноста дозна за ново обвинение против некогашниот музички моќник, коешто наведува оти Диди дрогирал и силувал 13-годишно девојче и во 2000 година, на забава по доделувањето на „Видео-музичките награди - ВМА“, Фифти решил да каже сѐ што знае.

Од друга страна, пак, Дуејн Дејвис - еден од осомничените учесници во убиството на раперот Тупак Шакур во 1996 година, во 2009. тврдел дека Пи Диди е вмешан и во тоа пукање, т.е. наводно понудил милион долари за ликвидацијата на Тупак.

Против Шон Комбс се покренати уште пет обвиненија. Адвокатот Тони Базби поднесе нови тужби во коишто тужителите останаа анонимни, но тврдат дека Комбс сексуално ги нападнал и ги силувал во различни случаи меѓу 2000. и 2022 година. Меѓу тужителите има двајца мажи и три жени, од кои едната тврди дека имала 13 години кога Диди ја силувал.

Диди беше уапсен во септември, во Њујорк, на Менхетн. Обвиненијата се однесуваат, меѓу другото, и на сексуални напади, секс-трговија, принудно учество во секс-забави, принудно давање дрога, закани и насилство.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2024 04:14