Оружје и муниција биле пронајдени при претрес во кичевското село Грешница. Приведено е едно лице.

- Синоќа во 22:10 часот, во кичевското село Зајас, лишен од слобода е У.Р., на возраст од 50 години од Грешница. При претрес во неговиот дом во селото Грешница, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три автоматски пушки калибар 7,62 милиметри, една ловна пушка, 10 ловни патрони и 188 куршуми калибар 7,62 милиметри, што неовластено ги поседувал, информираат од МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2024 19:01