Товарен камион денеска удрил во група луѓе кои чекале на автобуска станица северно од Тел Авив, јавија израелските медиуми, пренесува ДПА.

Според медиумите, околу 40 луѓе се повредени.

Израелската спасувачка служба „Маген Дејвид Адом“ соопшти дека лекари им пружаат медицинска помош на десетици луѓе.

Локалниот информативен сајт ynet објави дека во тек е истрага за сомнителниот напад. Некои од лицата се здобиле со тешки телесни повреди.

Според израелската полиција, околностите околу инцидентот се уште не се јасни.

Во изминатите недели нападите на Палестинците зачестија во Израел, а во минатото имаше неколку такви напади од нивна страна со користење автомобили или камиони, забележува ДПА.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2024 18:56