Во денешниот руски напад врз градот Херсон на југот на Украина загинаа тројца цивили, соопшти шефот на регионалната управа на Херсон, Олександар Прокудин.

- Шеесет и едногодишен маж е убиен попладнево во реонот на Дњепар во напад на непријателски дрон. Друг жител на градот е убиен во близина на поштата, до која одекна експлозија. Во моментов се утврдува идентитетот на човекот, соопшти Прокудин на социјалните мрежи.

Според него, во експлозијата е повреден и 45-годишен жител на Херсон кој е хоспитализиран.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2024 04:44