Кошаркарите на Сан Антонио триумфираа синоќа на гостински терен над Јута со 106-88 во НБА лигата, предводени од извонредниот Виктор Вембанјама, кој натпреварот го заврши со редок 5×5 ефект. Францускиот кошаркар постигна 25 поени и додаде девет скокови, седум асистенции, пет украдени топки и пет блокади.

Со тоа Вембанјама стана само третиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој повеќе од еднаш запишал зад своето име 5×5 ефект, зад легендарните Хаким Олајџувон и Андреј Кириленко.

Вембанјама втор пат во кариерата заврши еден натпревар со најмалку пет поени и исто толку асистенции, блокади, украдени топки и скокови.

Рекордер во оваа статистика е Олајџувон кому тоа му успеа шест пати



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2024 14:02