Граѓаните имаат најголема доверба во премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски 27, 8 отсто, но речиси приближно односно 26,5 отсто одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар, покажуваат последните податоци од анкетата спроведена од ИПСОС.

Со најголем рејтинг по премиерот Мицкоски меѓу македонските политичари е Венко Филипче, претседател на СДСМ со 5, 5 отсто, Максим Димитриевски со 4,3 отсто, Димитар Апасиев од Левица со 4 отсто, додека кај лидерите од албанските партии на чело е Али Ахмети од ДУИ со 8,6 отсто, Арбен Таравари од АА со 2,7 отсто, и Изет Меџити од Демократско движење со 1,9 отсто.

На партиската теренска октомвриска анкета на ВМРО-ДПМНЕ направена меѓу 1005 испитаници, највисок рејтинг има оваа владејачка партија односно доколку се одржат избори 26 отсто од граѓаните ќе гласаат за оваа партија.

За ДУИ, Вреди и СДСМ би гласале седум отсто од испитаниците, за Левица пет, за ЗНАМ два, нема да гласаат одговориле 23 отсто, одбиле да одговорат 14 отсто...

Повеќе од половината од испитаниците одговориле дека не го поддржуваат францускиот договор, додека 28 отсто дека го поддржуваат.

На прашањето дали мислите дека треба да се изврши промена на Уставот и да се почнат преговорите со ЕУ доколку промената на Уставот има одложено дејство, 52 отсто одговориле со да, а 42 отсто се против промена на Уставот и со ваков услов.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2024 00:36