Дваесет и петгодишен маж убил дваесет и деветгодишна жена во близина на штипскиот парк Суитлак по што се пријавил во полиција.
Според првичните информации од МВР, околу 20:15 часот во Полициската станица- Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип.
Од страна на полициски службеници телото е пронајдено, а во тек е увид на местото на настанот во присуство на дежурен јавен обвинител.
Повеќе детали околу убиството и кој е мотивот се очекуваат во текот на утрешниот ден. Телото на починатата жена е предадено на обдукција.