Од продукциската куќа „Прагма“ вечерва информираа дека концертот на Марија Шерифовиќ што требаше да се одржи утре е презакажан за 10 ноември поради несреќата што денеска се случи во Нови Сад.

- Поради страшната несреќа која што се случи денеска во Нови Сад и прогласените денови на жалост во Србија, Ве известуваме дека концертот на Марија Шерифовиќ се презакажува за 10 ноември (недела), стои во соопштението.

Купените билети ќе важат за новиот датум.

Во несреќата на железничката станица во Нови Сад каде се урна бетонска настрешница, според последните информации што ги даде министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ за РТС, загинати се 13 лица, а тројца повредени се префрлени во Клиничкиот центар во сериозна состојба. Во Србија утре е прогласен ден на жалост.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2024 04:37