Њу Делхи денеска е најзагаден град во светот. Поради густиот смог не се гледаат претседателската палата и околните градини, популарна дестинација за пешаци, тркачи и велосипедисти.

Според швајцарската компанија за мерење на квалитетот на воздухот „АјКју Ер“ (IQ Air), индексот на квалитетот на воздухот во Њу Делхи бил 348, што се смета за опасно ниво на загаденост.

Воздухот е дополнително е загаден поради огнометите, петардите и светлечките што беа употребени за време на хиндуистичкиот фестивалот на светлата Дивали.

Густ смог се спушти во индиската престолнина по прославите на Дивли, целосно ја проголта претседателската палата и околните градини, популарна дестинација за пешаци, тркачи и велосипедисти.

Локалните власти последните години забранија употреба на пиротехнички средства за време на прославите на Дивали и во зимскиот период, во согласност со директивите на Врховниот суд, но мерката не се спроведува и покрај заканата со затворски казни за прекршителите.

Некои хинду групи тврдат дека забраната навлегува во правото на почитување на тој ритуал, додека властите истакнуваат дека нивната цел е да го заштитат животот.

Смогот што денеска се спушти во градот се совпадна со палењето на земјоделското земјиште во северна Индија, што дополнително го влоши квалитетот на воздухот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2024 05:23