Жителка на источниот украински град Славјанск денеска е осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство затоа што и дала воена информација на Русија.

„По јавна постапка на регионалното обвинителство на Доњецк, судот ја прогласи граѓанката за виновна за велепредавство (...) таа е осудена на 15 години затвор и конфискација на имот“, објави главното обвинителство на Украина на „Телеграм“.

Според обвинителството, меѓу март и април 2024 година обвинетата му предала информации за украинската војска на свој познаник, кој служи во руската армија.

Обвинителството тврди дека ја предало и точната локација на украинските сили стационирани во Славјанск, како и локацијата на контролните пунктови во регионот



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2024 05:46