Потпретседателот на Фудбалската федерација на Ерменија проговори за потрагата по нов селектор на националниот тим.

-Преговорите се тешки, бидејќи федерацијата нема ни приближно финансиски средства што се објавуваат во медиумите. Се сретнавме со Мишел Тер-Закаријан (поранешен тренер на Монпелје), но тој има големи барања. Разгледуваме две опции: да почнеме со нов селектор во следните два натпревара или да почнеме следната година. Има многу кандидати, меѓу кои и Раул, рече Армен Никогосјан.

Поранешниот селектор на ерменската репрезентација Олександр Петраков доби отказ во средината на октомври по домашниот пораз од македонската репрезентација.

По четири кола, Ерменија го зазема второто место во Ц-сегментот Група-4 од Лигата на нации



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2024 08:20