Барселона делуваше супериорно под водство на Ханси Флик, откако вчера на стадионот „Рајко Митиќ“ убедливо беше поразена Црвена звезда, за трета победа оваа сезона во Лигата на шампионите.
Во победата над Звезда од 5:2 повторно се истакнаа „децата“ на Барса, а во коментар за мечот, легендарниот Тиери Анри истакна дека голема заслуга за преродбата на каталонскиот тим има и претходниот тренер Чави.
-Не мислам дека започна нова ера со Ханси Флик... туку со Чави. Флик го продолжи она што го започна Чави. Тој им даде шанса на Кубарси, Јамал... и многу други играчи. Кога играте заедно две години, кога поминувате низ многу тешка сезона како претходната, тогаш учите многу за вашиот карактер и што можете да направите. Мислам дека овој тим заслужува да биде вклучен меѓу фаворитите за титулата во Лигата на шампионите. Имаат квалитет да стигнат до самиот крај, изјави Анри за „Ци-Би-Ес“.