Албанскиот премиер Еди Рама, пред почетокот на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, на интерес на новинарите ја коментираше победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

-Сметам дека се крена многу врева, можеби не на вистински начин, за неговото можно враќање. Искуството ми кажува дека кога тој беше претседател и сите велеа дека НАТО ќе стане послаб, НАТО стана посилен. Па да видиме и да не се хистеризираме пред да ја видиме реалноста. Мислам дека ова не мора да биде лошо за Европа, може да биде подобро за Европа. Неговиот избор може да биде одлична можност за Европа, изјавил Рама, објавија албанските медиуми.

Додал дека Албанците се најпроамериканската заедница во Европа, па кој и да е во Белата куќа не им прави голема разлика, нагласувајќи дека „САД е САД. Ние многу помалку сме погодени од оваа емоција“. -Му реков и на Зеленски дека не треба да се грижиме поради изборот на Трамп, туку да размислуваме и да направиме многу повеќе за да имаме посилна Европа. Кога првпат беше избран , сите трепереа, но сега е поинаку, реков може да биде одлична можност за Европа, посочил тој.

Најавил дека следниот состанок на Европската политичка заедница ќе се одржи во Албанија, во првата половина. на следната година. -Има многу работи за разговор. Климатските промени сè се поприсутни и се на врвот на приоритетите на европските земји, но има и други прашања за кои треба да се разговара. Многу сме горди што имаме можност да бидеме домаќини на следната ваква средба, рекол Рама. Според медиумите на маргините на Самитот имал куси средби со македонскиот премиер Христијан Мицковски, како и со српскиот претседател Александар Вучиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2024 14:56