Струмичката полиција синоќа околу полноќ го лишила од слобода Ѓ.А.(41) од Струмица веднаш по извршување на кражба во Тобако во Струмица, од каде што одзел чанта со пари и лични документи.

Како што соопшти денеска МВР, кај него била пронајдена чантата и била вратена на оштетената.

По извршените проверки било утврдено дека лицето било барано по потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, по што било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2024 00:13