По само неколку месеци од падот на СДС и ДУИ фактите излегуваат на површина за тоа како СДС и ДУИ ги трошеле народните пари. Нема област во која што не се пронајдени низа злоупотреби, прекршувања на законите, ненаменско трошење на буџетските средства и малверзации.
Низ изминатите 7 годините се потрошени милионски буџетски средства а ништо не е направено и реализирано и во корист на граѓаните.
Секојдневно се откриваат низа малверзации, скандали и афери за седум годишното владеење на СДС и ДУИ. Парите на граѓаните СДС и ДУИ ги трошеле неодговорно и нетранспарентно.
Ефектите од владеењето на СДС и ДУИ граѓаните ги чувствуваат и ден денес.
Уште еден таков случај е констатиран и во ДЗР во Ревизија за 2023 година на министерството за финансии и буџетските трошења каде се констатирани низа пропусти.
Ревизорот констатира дека власта на СДС и ДУИ не ги објавувала одлуките за одобрување на средства од раздел МФ - функции на државата во службено гласило.
Толку од транспарентноста и отчетноста на СДС и ДУИ на која се повикуваа секојдневно. Ова е уште еден доказ за тоа колку СДС и ДУИ ја уназадија државата, ја продлабочија корупцијата и го распространија криминалот.
Се поставува прашањето што криеле СДС и ДУИ?
ВМРО-ДПМНЕ се залага за политики и закони кои ќе го променат системот, ќе ја искоренат и оневозможат корупцијата. ВМРО-ДПМНЕ има реформска агенда која ќе успее да испорача услуги на населението.
ВМРО -ДПМНЕ се залага за градење на демократски институции кои ќе ја зајакнат и унапредат демократијата во земјата.