Фудбалерот на Нотингем Форест, Крис Вуд, е прогласен денеска за играч на месецот во Премиер лигата за октомври.
„Прв играч на Нотингем Форест кој е избран за играч на месецот во Премиер лигата. Честитки Крис Вуд“, објави Премиер лигата на социјалната мрежа Икс.
Вуд постигна четири голови на три натпревари за Нотингем Форест во октомври, кој забележа две победи и едно реми минатиот месец.
Нотингем Форест е трет на табелата во Премиер лигата со 19 бодови.
Вуд (32) сезонава има постигнато осум голови на 10 натпревари што го прави вториот најдобар стрелец во Премиер лигата, зад напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (13 голови).