Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе не сака да игра за француската репрезентација, објавја тамошните медиуми.
Дваесет и петгодишниот Французин ја загубил желбата да игра за националниот тим поради можна кавга со селекторот Дидие Дешам. Се известува дека и покрај изјавата на Дешам дека Мбапе сака да дојде во репрезентацијата, а тренерот решил да не го повика напаѓачот, всушност, самиот играч одбил да се приклучи на тимот.
Репрезентацијата на Франција на 14 ноември ќе игра на домашен терен против Израел, а на 17 ноември ќе се сретне со Италија на гости.
Мбапе втор месец по ред ги пропушта натпреварите на својата репрезентација во Лигата на нации. Во октомври не беше дел од „Триколорите“ на средбите со Белгија (2:1) и Израел (4:1).