Програмите „Ноутпад“ и „Пејнт“ на „Мајкрософт“ добиваат нови функции засновани на вештачка интелигенција. Меѓу нив е и опцијата „Рирајт“ (Rewrite), што овозможува ВИ-уредување реченици, како и менување на тонот и должината на белешката во „Ноутпад“.
До алатката „Рирајт“ корисникот ќе може да пристапи со означување цел напис со „глувчето“, па десен клик, или пак, со „Цтрл + И“ на тастатурата, што, исто така, води до алатникот. Ако корисникот сака, може и да ја исклучи новата ВИ-функција во менито.
„Пејнт“ ги добива „Пополни“ и „Бриши“ („Generative Fill“ и „Generative Erase“). Пополнувањето ќе може да уредува и додава визуелни новости на фотографиите и цртежите откако корисникот ќе нацрта рамка, а потоа го користи полето за текст за да ја опише сликата што сака да ја додаде во избраната област. Со „Бриши“, пак, ќе може да ги отстранат несаканите ситници во предметната фотографија или цртеж.
Занимливо, беа потребни повеќе од 40 години за „Ноутпад“ да добие алатка за проверка на правопис. За друга слична програма на „Мајкрософт“ - „Ворд“ веќе со години има такви додатоци.