Спортските рекреативци и планинари во Штип имаат мини вештачка карпа за спортско качување, која е лоцирана на пешачката и велосипедската патека кај река Брегалници, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека ова е донација од Ауто Македонија и има за цел да ги анимира пред се младите.
-Навистина ми е задоволство што соработката како локална самоуправа ја имаме со Ауто Македонија вроди со плод, еве оваа донација, којашто е вредна нешто повеќе од еден милион денари. Се надевам дека нема да застанеме со нашата соработка не само со Ауто Македонија, туку и со сите други компании коишто се општествено-одговорни и се надевам дека ќе донираат за јавен интерес, вели Јорданов.
Инаку, во Штип за овој спорт качување по вештачки карпи е доста развиен и популарен, а меѓу младите има и неколку државни прваци