Кумановската полиција ноќва во липковското село Лојане, пронашла седумнаесет мигранти од Сирија, едниот бил повреден, добил здравствена помош, сите се префрлени во транзитниот центар Табановце, информираше денеска поллицијата.

-Денеска во 03:17 часот во село Лојане, липковско, полициски службеници од СВР Куманово пронашле 17 лица мигранти од Сирија, од кои еден бил повреден и од екипа на Итна медицинска помош му била укажана помош, соопшти СВР Куманово.

Мигрантите биле спроведени во транзитен центар Табановце, полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2024 22:34