Десетици илјади националисти и десничари денеска маршираа низ центарот на главниот град на Полска, Варшава по повод Денот на независноста на земјата.
Учесниците на таканаречениот Марш на независноста, носеа знамиња во националните бои на земјата бела и црвена и запалија факели.
Градскиот совет забрани оружје, пиротехнички средства и беспилотни летала за време на митингот, а полицијата беше во состојба на готовност. Полицајците уапсија повеќе од 70 луѓе и конфискуваа пиротехнички средства, ножеви и палки.
Во градот се одржаа и официјални комеморативни настани, вклучително и церемонии за положување венци.
Полска е членка на НАТО од 1999 година.
Денот на независноста на 11 ноември се слави како национален празник во Полска. На денешен ден во 1918 година, Јозеф Пилсудски ја презеде врховната команда на полските трупи во Варшава и прогласи независност.
Ова се совпадна со склучувањето на примирјето меѓу Германија и Франција. Мировните договори по Првата светска војна потоа ставија крај на долгата поделба на Полска од Прусија, Австро-Унгарија и Русија.