Рускиот претседател Владимир Путин одобри намалување на сумата за компензација за ранети војници кои учествуваат во војната против Украина.

Моментално максималната исплата изнесува три милиони рубли (речиси 29.000 долари), но досега сериозноста на повредата не се земала предвид при исплатата. Промената која Путин ја одобри сега ги дели повредите во три категории. Исплатата за „тешка“ повреда останува 3 милиони рубли, додека за „полесна“ повреда војниците ќе добијат милион рубли (приближно 10.000 долари). За „други помали повреди“ војниците ќе добијат 100.000 рубли (960 долари), соопштува руската државна агенција ТАСС.

Указот кој Путин го потпиша не прецизира како ќе се класифицира сериозноста на повредите. Заменичката на министерот за одбрана, Ана Цивилева, изјави дека тековните правила за исплати за повреди создаваат „чувство на искривеност“ меѓу војниците.

Во октомври, руските сили во Украина претрпеа најголеми загуби од почетокот на инвазијата. Британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави дека според британските разузнавачки податоци, руските трупи во октомври имале 41.980 убиени и ранети.

Од друга страна, Русија, наместо нова мобилизација, ги зголемува бонусите за нови регрути кои ќе служат во Украина, а регионот Белгород најави еднократен бонус од три милиони рубли за оние што ќе се приклучат на армијат



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2024 05:32