Новоизбраните членови на Државната изборна комисија, Светлана Карапетрова и Ангелчо Ристов, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Собранието ги избра Карапетрова и Ристов за нови членови на ДИК на седницата одржана на 12 ноември. Тие доаѓаат на местата на досегашните членови на ДИК Бобан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој стана заменик-генерален секретар на Собранието и на Радица Ристеска од СДСМ која замина во пензија.

Светлана Карапетрова е дипломиран економист и магистер по економија – финансии, сметководство и ревизија од Тетово, Ангелчо Ристов е дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер по административно право и јавна администрација од Делчево



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2024 21:18